Stiga COMBI 48 B [49/104] Редовно одржување

Stiga COMBI 48 B [49/104] Редовно одржување
47
на семето во однос на висината на косење во однос на условите
на растење во пределот каде е посадена.
Треба да се трудите поголемиот дел од тревата да е од ист вид
и со едно или повеќе видови ливчиња. Ако ливчињата се поко-
сат целосно, се оштетува тревникот и идното косење ќе биде
многу тешко.
Генерално, вреди да се следат следните упатства:
многу ниско косење предизвикува корнење и проретчување
на тревната површина со што остануваат „голи места“,
на лето, косењето треба да е највисоко за да се избегне ису-
шување на теренот,
не косете ја тревата кога е наводнувана. Тоа може да ја на-
мали ефикасноста на сечивата врз тревата бидејќи ќе се
лепи и ќе предизвика заглавување со залепена трева,
во случај на делумно израсната трева, најдобро е прво да се
искоси на најголема висина што ја дозволува машината, про-
следено со второ косење по два или три дена.
Изгледот на тревникот ќе има поубав изглед ако косењето се
изведува секогаш на иста висина и наизменично во два правци.
Време за работа
На крајот на работата, отпуштете ја рачката (1) за кочницата и
извадете го капачето на свеќичката (2).
ПОЧЕКАЈТЕ СЕЧИВОТО ДА ЗАСТАНЕ пред да извршите каква
било интервенција.
Извадете го клучот од контакт (3) кај моделите каде што тоа е
предвидено.
ВАЖНО - неопходно е редовно и правилно одржување за
долготрајно задржување на безбедносното ниво и прво-
битната исполнителност на машината.
Чувајте ја тревокосачката на суво место.
1) Носете заштитни ракавици за работа при секоја интервен-
ција за чистење, одржување или регулација на машината.
2) По секое косење, исперете ја машината со вода. Отстра-
нете ги остатоците од трева и кал што се наталожиле од
внатрешната страна на куќиштето за да избегнете тие да
предизвикаат потешкотии при подоцнежно палење.
3) Лакот од внатрешниот дел на куќиштето може да отпадне за-
ради абразивното дејство на покосената трева. Во тој случај,
треба спремно да интервенирате со премачкување лак про-
тив ’рѓосување за да се спречи создавање ’рѓа која го коро-
дира металот.
4) Во случај кога треба да се пристапи до долниот дел, закосете
ја машината само на страната како што е прикажано во упат-
ството за моторот следејќи ги соодветните упатства.
Кај моделите кај кои има предвидено страничен ис-
пуст, треба да се извади дефлекторот на испустот (ако
е поставен - 3.1.d).
5) Избегнувајте истурање бензин врз пластичните делови на
моторот или врз самата машина за да се избегне оштету-
вање и веднаш исчистете ја секоја трага од бензин ако тој
случајно се излил. Гаранцијата не ги покрива оштетувањата
на пластичните делови предизвикани од бензин.
Секоја интервенција врз сечивата мора да се извршува
во специјализиран сервис каде што има посоодветна опрема.
За оваа машина се предвидени сечивата што го носат знакот:
81004341/3 (за модел 434)
81004346/3 (за модел 484)
81004398/0 81004459/0 (за модел 534)
3.4
4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
4.1
Сечивата треба секогаш да се обележани со знакот . За-
ради развојот на производот, горенаведените сечива треба со
време да се заменат со други со соодветни карактеристики за
замена и функционална безбедност.
Поставете го сечивото одново (2) со знакот и обележувањето
свртени кон теренот, следејќи го посочениот редослед на сли-
ката.
Затегнете ја централната навртка (1) со динамометрички клуч
со калибрација од a 35-40 Nm.
Кај моделите со погон, правилната затегнатост на ре-
мените се постигнува за половина од навртката (1) сè додека не
се постигне посочената мерка (6мм).
За полнење на испразнет акумулатор, приклучете го на
полнач за акумулатори (1) според упатствата во упатството за
одржување на акумулаторот.
Не приклучувајте го полначот за акумулатори директно на спој-
ницата на моторот.
Полначот за акумулатори не смее да се користи како извор на
напојување за придвижување на моторот бидејќи може да го
оштети.
Ако предвидувате дека нема да ја користите тревокосачката по-
долг период, откачете го акумулаторот од каблите на моторот и
при тоа обезбедете да остане доволно ниво на полнење.
Заштитата на животната средина треба да се извршува реле-
вантно и приоритетно при употреба на машината во корист на
граѓанските погодности и на просторот во кој живееме.
Избегнувајте постоење на елементи што го нарушуваат не-
посредното опкружување.
Следете ги во целост локалните закони за фрлање на мате-
ријалите што се резултат на сечењето.
Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амба-
лажата, делови во распаѓање или какви било елементи со
штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не
смеат да се фрлаат во ѓубре, туку треба да се селектираат и
да се однесат во соодветни собирни центри за рециклирање
материјали.
При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде
било во природата, туку предајте ја во собирен центар во со-
гласност со важечките локални закони.
ВНИМАНИЕ: заради ваша лична безбедност, изречно е забра-
нето монтирање на каква било дополнителна опрема што не е
наведена во следниот список и е соодветна за моделот и типот
на вашата машина.
Комплет за „дробење“ - Mulching
(ако не е доставено)
Ја дроби ситно покосената трева и ја распределува врз трев-
никот, што е алтернатива за косење во вреќа.
Во случај на какво било двоумење или проблем, контактирајте
со Овластениот сервис во непосредна близина или со Застап-
никот.
5. ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
4.3
4.2
6. ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
6.1

Содержание

Похожие устройства

Скачать