Gorenje VS 110W [23/64] Отстранување на пречки

Gorenje VS 110W [23/64] Отстранување на пречки
22
При пакување поголеми
количества месо, риби или друга
храна, земете ги во обѕир
следниве упатства:
1. Пред вакуумско пакување измијте си ги рацете
и измијте ги сите помагала и површини кои
имате намера да ги употребите за режење и
вакуумско пакување на храната.
2. Расиплива храна чувајте во ладилник или
замрзнувач веднаш по вакуумското пакување,
не оставајте ја да лежи на собна температура.
3. Рокот за употреба на сува храна, на пр.
оревчиња, кокос или житарици ќе биде доста
подолг, ако ги чувате во вакуумски пакет и во
ладен и темен простор. Кислородот и висока
температура предизвикуваат да храна што
содржи многу маснотија добие непријатен
мирис, горчлив вкус.
4. Пред вакуумско да пакувате некои видови
овошје и зеленчук, на пр. јаболка, банани,
компир и коренест зеленчук, излупите ги. На тој
начин ќе го продолжите нивниот рок на
траење.
5. Некои видови храна, на пр. брокола, карфиол и
свежа зелка, испуштаат гасови. Таква храна
пред вакуумско пакување треба да се
бланшира или замрзне.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРЕЧКИ
Кога ќе притиснам на капакот на
апаратот, не се случува ништо
1. Уверите се дали е приклучниот кабел
соодветно приклучен во приклучница и дали е
прекинувачот за вклучување на апаратот во
положба за вклучување ("on"). Проверите го
работењето на приклучницата на тој начин да
во неа вклучите друг апарат што работи. Ако
приклучницата не работи, проверите ги
осигурувачите во вашиот дом.
2. Проверите го приклучниот кабел и втакнувачот
и уверите се да не се оштетени. Ако се
оштетени, апаратот да не го употребувате.
Воздухот не е сосема отстранет од
кесичката
1. За соодветно затинање односно заварување
мора да биде отворениот дел на кесичката во
целост во подрачјето на каналот за
ишмукување на воздухот.
2. Проверите ја лентата за затинање и
затнувачот под капакот. Пред сé проверите да
нема туѓи предмети на затнувачот и дали е тој
во соодветна положба. Избришите го
затнувачот и порамните го.
3. Можеби во кесичката има дупка. Тоа ќе го
проверите на тој начин да кесичката ја затните
и во неа оставите нешто воздух, потоа па
потопите ја во вода и стисните. Ако од
кесичката излегуваат меурчиња, значи дека
кесичката пропушта и морате да употребите
друга.
4. Проверите дали е капакот сосема на свое
место.
По вакуумското пакување во
кесичката продрел воздух
1. Брчки, трошки, маснотија или течност можат да
предизвикат пропуштање на заварениот раб
на кесичката. Повторно отворите ја кесичката,
избришите го нејзиниот горен внатрешен дел,
порамните го вдолж лентата за заварување и
повторно заварите.
2. Проверите дали е во кесичката присутна влага
односно сокови. Ако има, отворите ја кесичката
и повторно затните ја, или па употребите нова
кесичка. Храна што содржи многу течност е
препорачливо да се замрзне пред вакуумско
да ја пакувате.
3. Можеби предмети со остри рабови ја дупнале
кесичката и во неа навлегол воздух. Обложите
ги острите делови на содржината на кесичката
со парчиња од хартиена крпа
Апаратот за вакуумско пакување
не ја затнува кесичката
1. Ако лентата за затнување се прегрее и ја стопи
кесичката, дигните го капакот и почекајте
неколку минути, да се олади лентата за
заварување.
2. Пред повторно да ја употребите функцијата
"само затинање" апаратот нека мирува барем
15 секунди.
Животна средина
Не го фрлајте на апаратот во нормален
домашен отпад,туку во официјална колекција
наменета за рециклирање. Со ова, вие
помагате да се зачува животната средина.
Гаранција и сервис
Ако ви требаат информации, или ако имате
проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje
центарот за грижа на корисници во вашата
земја (види телефонски број во меѓународната
гаранција). Ако вашата земја нема таков
центар, контактирајте го вашиот локален дилер
или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за
домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
GORENJE
ВИ ПОСАКУВА ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО
ПРИ УПОТРЕБАТА НА ОВОЈ АПАРАТ

Содержание

Скачать