Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1546/1656] Машинска инсталација

Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1546/1656] Машинска инсталација
Македонски (MK)
1546
3.3 Машинска инсталација
Асортиманот на пумпи ги вклучува и прирабничките и
навојните верзии. Овие упатства за инсталација и ракување
важат за двете верзии, но даваат општ опис за прирабничките
верзии. Ако верзиите се разликуваат, навојната верзија ќе
биде посебно опишана.
Монтирајте ја пумпата на тој начин што нема да биде
напрегната од цевките. Максималните
дозволени сили и
моменти од поврзувањата на цевките кои дејствуваат на
прирабниците на пумпата или на навојните врски може да се
најдат на страница 1653.
Пумпата може да се обеси директно на цевките, под услов
цевководот да може да ја издржи пумпата.
Дуплекс пумпите се подготвени за инсталација на монтажни
носачи или базна плоча. Куќиштето на пумпата има навој од
M12.
За да се обезбеди соодветно ладење на моторот и
електрониката, внимавајте на следново:
Позиционирајте ја пумпата така што ќе се обезбеди
задоволително ладење.
Амбиенталната температура не смее да надминува +40
°C.
3.4 Позиционирање на пумпата
Секогаш инсталирајте ја пумпата така што моторната осовина
е хоризонтална.
Правилно инсталирана пумпа на вертикална цевка. Видете
на сл. 8, поз. A.
Правилно инсталирана пумпа на хоризонтална цевка.
Видете сл. 8, поз. B.
Не ја инсталирајте пумпата со вертикална позиција на
моторната осовина. Видете сл. 8, поз. C и D.
Слика 8 Пумпа инсталирана
со хоризонтална моторна
осовина
Чекор Дејство Илустрација
1
Стрелките на куќиштетото
на пумпата го посочуваат
правецот на движење на
течноста низ пумпата.
Правецот на течење може
да биде хоризонтален или
вертикален, во зависност
од позицијата на
контролната кутија.
TM05 2862 3216 - TM05 8456 3216
2
Затворете ги изолациските
вентили и погрижете се
системот да не биде под
притисок за време на
инсталацијата на пумпата.
TM05 2863 3216
3
Монтирајте ја пумпата вo
дихтунзите на цевководот.
TM05 2864 3216
4
Прирабничка верзија:
Поставете ги шрафовите и
навртките. Користете
шрафови со соодветна
големина во зависност од
притисокот на системот.
За дополнителни
информации, видете на
стр. 1653.
Навојна верзија:
Затегнете ги спојните
навртки.
TM05 2865 3216 - TM05 8455 3216TM05 2866 3216
Чекор Дејство Илустрација
BA
DC

Содержание

Похожие устройства

Скачать