Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1556/1656] Тип на моделот

Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1556/1656] Тип на моделот
Македонски (MK)
1556
6.4 Тип на моделот
Oва упатство за монтирање и ракување важи за сите модели.
Верзијата на моделот е наведена на натписната плочка.
Видете ја сл. 22.
Слика 22 Тип на модел на производот
Во брошурата со податоци за MAGNA3 може да ги видите
различните верзии на моделот.
6.5 Радиокомуникација
Делот за радиокомуникација на овој производ е направа од
класа 1 и може да се користи секаде во земјите-членки на ЕУ
без никакви ограничувања.
Примена
Оваа пумпа опфаќа радио за далечинско управување.
Пумпата може да комуницира со Grundfos Go Remote и со
другите MAGNA3 пумпи од ист вид преку вграденото радио.
6.6 Изолациски обвивки
Изолациските обвивки се достапни само за пумпите со
единична глава.
Загубата на топлина може да се намали со изолирање на
куќиштето на пумпата и цевководот. Видете ги сликите 23 и
14.
Изолациските обвивки ги зголемуваат димензиите на
пумпата.
Изолациските обвивки за пумпите во климатизерите и
системите за ладење, долна граница
од -10 °C, треба
засебно да се нарачаат. Видете во делот 11.7 Изолациски
комплети за системи за климатизација и разладни
системи.
Монтирањето на изолациските обвивки ги зголемува
димензиите на пумпите.
Слика 23 Изолациски обвивки
Пумпите за системите за греење се испорачуваат со
фабрички монтирани изолациски обвивки. Пред инсталирање
на пумпата извадете ги изолациските обвивки.
6.7 Неповратен вентил
Во случај системот на цевки да е опремен со неповратен
вентил, погрижете се поставениот минимален притисок на
празнење на пумпата секогаш да биде повисок од притисокот
за затворање на вентилот. Видете ја сл. 24. Ова е особено
важно кај контролниот режим на пропорционален притисок со
намален напор при низок проток.
Слика
24 Неповратен вентил
TM05 8798 3216
Ограничете ја загубата на топлина од куќиштето
на пумпата и цевководот.
TM05 2859 3216TM05 3055 0912

Содержание

Похожие устройства

Скачать