Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1554/1656] Примени

Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1554/1656] Примени
Македонски (MK)
1554
4.2 Дуплекс пумпа
Слика 17 MAGNA3 D
Ако втората глава на пумпата не ви е приклучена на
напојувањето со енергија, на екранот се појавува
предупредувањето 77. Видете на сл. 18.
Приклучете ја втората глава на пумпата и рестартирајте ја
пумпата.
Слика 18 Предупредување 77
5. Складирање и ракување со производот
5.1 Заштита од замрзнување
6. Претставување на производот
MAGNA 3 е комплетен асортиман на циркулаторни пумпи со
вграден контролер кој овозможува поставување на
перформансите на пумпата соодветни на побарувањата на
системот. Кај многу системи ова значително ја намалува
потрошувачката на енергија, ја намалува бучавата на
термостатските радијаторски вентили и сличните фасонски
делови и ја подобрува контролата на системот.
Посакуваната висинска
точка може да се постави на
контролната плоча.
6.1 Примени
Пумпата е дизјанирана за циркулаторни течности во следниве
системи:
системи за греење
домашни системи за топла вода
климатизација и разладни системи.
Пумпата исто така може да се користи во следниве системи:
системи за топлотни пумпи со земјен извор
соларни системи за греење.
6.2 Испумпани течности
Пумпата е соодветна за танки, чисти, неагресивни и
неексплозивни течности кои не содржат цврсти парчиња или
влакна кои може механички или хемиски да ја оштетат.
Кај системите за греење, квалитетот на водата треба да ги
задоволи условите на прифатените стандарди за квалитет на
водата во системите за греење, на пример: германскиот
стандард VDI 2035.
Пумпите исто така се соодветни за системи за санитарна
вода во домаќинствата.
Строго препорачуваме да користите пумпи од нерѓосувачки
челик при примена кај системи за топла санитарна вода за да
се избегне корозија.
Кај системите за топла санитарна вода, препорачуваме
пумпата да ја користите само за вода со степен
на тврдост
помал од околу 14 °dH.
Кај системите за топла санитарна вода, препорачуваме
топлината на течноста да се одржува под +65 °C за да се
отстрани ризикот од наталожување на варовник.
TM05 8894 2813
Проверете дали втората глава на пумпата е
приклучена на напојувањето со електрична
енергија.
2.1.5.1.0.0 Status
Ако пумпата не се користи во периоди кога има
мраз, мора да се преземат неопходни чекори за
да се спречи пукање на мразот.
Проверете ги локалните закони што се
однесуваат на материјали за куќишта на пумпи.
Не пумпајте агресивни течности.
Не пумпајте запаливи, согорливи или експлозивни
течности.

Содержание

Похожие устройства

Скачать