Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1549/1656] Електрична инсталација

Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1549/1656] Електрична инсталација
Македонски (MK)
1549
Како алтернатива на изолациските обвивки, куќиштето на
пумпата и цевководот може да се изолираат како што е
прикажано на сл. 14.
Слика 14 Изолирање на куќиштето на пумпата и цевките
3.8 Електрична инсталација
Изведете ги електричното поврзување и заштитата во
согласност со локалните регулативи.
Проверете дали напонот на напојувањето и фреквенцијата
соодветствуваат на вредностите наведени на натписната
плочка.
Погрижете се пумпата да биде поврзана со надворешен
електричен приклучок.
Не е потребна надворешна заштита на моторот на
пумпата.
Моторот вклучува термичка заштита од
бавно
преоптоварување и блокирање (IEC 34-11: TP 211).
Кога ќе се вклучи преку напојувањето на енергија, пумпата
ќе почне да пумпа по околу 5 секунди.
3.8.1 Мрежен напон
1 x 230 V ± 10 %, 50/60 Hz, PE.
Толеранциите на напон се наменети за главните варијации на
напонот. Не користете ги напонските толеранции за пумпи со
друг напон освен оној наведен на натписната плочка.
Немојте да ја изолирате контролната кутија или
да ја покривате контролната табла.
TM05 2889 3216
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Пред да започнете да извршувате каква било
работа на производот, бидете сигурни дека
напојувањето со електрична енергија е
исклучено. Блокирајте го главниот прекинувач
на напојувањето во позиција 0. Тип и барања
според спецификациите во EN 60204-1, 5.3.2.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда
- Поврзете ја пумпата со
надворешен
електричен прекинувач со минимален
контактен јаз од 3 mm во сите полови.
- Може да се користи заземјување или
неутрализација како заштита од посреден
контакт.
- Ако пумпата е поврзана со електрична
инсталација каде што се користи автоматски
заштитен прекинувач (ELCB што мери напон,
склопка на диференцијална струја RCD или
склопка на диференцијална струја
за струјно
коло RCCB) како дополнителна заштита, овој
автоматски заштитен прекинувач мора да
биде означен со првиот или двата симболи
прикажани подолу:

Содержание

Похожие устройства

Скачать