Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1584/1656] Сензор за диференцијален притисок и температура

Grundfos MAGNA3 D 32-80 180 97924451 [1584/1656] Сензор за диференцијален притисок и температура
Македонски (MK)
1584
9. Сервисирање на производот
Пред расклопувањето
9.1 Сензор за диференцијален притисок и
температура
Пумпата има вграден сензор за диференцијален притисок и
температура. Сензорот се наоѓа во куќиштето на пумпата во
канал помеѓу влезовите за вшмукување и испумпување.
Сензорите на дуплекс пумпите се поврзани за истиот канал и
поради тоа пумпите го регистрираат истиот диференцијален
притисок и температура.
Преку кабел, сензорот испраќа електричен сигнал за
диференцијален притисок низ пумпата, а за температурата на
течноста во контролната кутија.
Ако сензорот откаже, пумпата продолжува користејќи го
последното мерење на сензорот и функционира врз основа
на ова. Во поранешните софтверски верзии, модел А,
пумпата работи со максимална брзина во случај на дефект на
сензорот.
Кога дефектот ќе се
санира, пумпата ќе продолжи со работа
според поставените параметри.
Сензорот за диференцијален притисок и температура нуди
значителни предности:
директна повратна информација на екранот на пумпата
целосна контрола на пумпата
мерење на оптоварувањето на пумпата за прецизна и
оптимална контрола што резултира со поголема
енергетска ефикасност.
9.2 Состојба на надворешниот сензор
Во случај да недостига сигнал од сензорот:
Пумпи произведени пред недела 4, 2016 год.: Пумпата
работи на максимална брзина.
Пумпи произведени по недела 4, 2016 год.: Пумпата
работи на 50 % oд номиналната брзина.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда.
- Погрижете се други пумпи или извори да не
вршат принуден проток низ пумпата иако
таа е
сопрена. Ова ќе предизвика моторот да
дејствува како генератор, што ќе доведе до
напон на пумпата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Електричен уд
Смрт или сериозна телесна повреда.
- Пред да започнете да работите на производот,
исклучете го напојувањето со електрична
енергија најмалку 3 минути.
- Блокирајте го главниот прекинувач на
напојувањето во позиција 0. Тип и
барања
според спецификациите во EN 60204-1, 5.3.2.

Содержание

Похожие устройства

Скачать